Запалените очи отсутно гледаа низ него; усните со напор се одлепија една од друга но прашањето остана без одговор.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А тоа негово прашање остана да виси без одговор и да го дебне со својата неодгатливост сета ноќ, исто како оној остар месец. Исто како оној мршар, долу, под него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- По кого плачеш? Пак прашањето остана без одговор.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Уште само неговото големо прашање останува да живее под таа покривка и не се бори за доказ.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но уште едно големо прашање остана неодговорено.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Па најпосле, изворот на чешмата малку кој го знае и од нашите белким не ќе го најдат и ако се сетат – го поутеши поп Јаков загрижените свои другари, но ова прашање остана да им гори во душите на сите луѓе во тврдината и сите се обеспокојуваа од него.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)