„Најголемите писатели од почетокот на XIX век (...) го употребуваа како изразно уметничко средство не само она што веќе беше усвоено во книжевниот јазик на таа епоха како норма за национално-литерарниот израз, туку и она што беше широко употребувано во народно-говорниот јазик...14“ Виноградов, натаму, изнесува едно мислење кое е битно за разбирањето на врската меѓу книжевноста и нејзините извори на магеријалот: „Освен прашањата сврзани со проучувањето на примената на елементите и бележитостите на разните социјално-говорни стилови, разните композицнски форми, и типови на општествениот, социјално-групниот, дијалектскиот и професионалниог говор во уметничката литература и во творештвото на писателите, стилистиката на уметничката литература ја зближува со стилистиката на говорот сложената и суптилно разгранета сфера, засега малу проучена, на експресивните форми и на говорните нијанси.“
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)