прегратка (имн.) - ќе (чест.)

Откако ќе се изнамолчеа, Ласте на својот пријател ќе му завиткаше во хартија од весник по неколку апчиња, ќе го испратеше до вратата и со топла прегратка ќе се разделеше од него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но немој да мислиш, ти, стар добродушен мрморко, дека во овие бели прегратки ќе ја заборавам малата Џен, малата црна девојка со жолта свилена панделка во косата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)