Затоа е потребно да се навраќаме во минатото на нашите предци, иако од нив сме одвоени, сметам дека врската меѓу нас и нашите предци е цврста и таа постои, ние сме нивно продолжување, а тие нашите корени: предците во секашноста не следат!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во својот живот, Мајка си ја смируваше, си ја облагородуваше, си ја успокојуваше и ја урамнотежуваше својата голема душа низ еден постојан процес на лаицизација кој се остваруваше низ повеќе генерации, низ реминисценциите од верата на нејзините предци во новата вера, со бекташкиот екуменизам.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тука научив долго да паметам, да ѝ се оѕивам на секоја боја, на секој залез, на секој довик на предците в полноќи.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Татко му беше ветил на Фетхи-беј Окијар, уште кога студирал во Цариград, дека еден ден ќе трага по неговите предци во Прилеп.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Имаше по неколку генерации кози во едно семејство, со предци во другите војни и несреќи на Балканот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)