Гледачот не може да го собере тој површен материјал во визуелните слики, кои претставуваат филмски приказ или да ги испреплете тие зборови со линеарниот премин во структурата на нормалната реченица.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во 1985-та г. таа направи премин во светот на перформанс уметноста како актерка во претставата Deep Inside Porno Stars којашто се даваше во познатиот авангарден простор Franklin Furnace во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
После овие извадоци од феминистички теории, неколку податоци од биографијата и манифестите на Ани Спринкл покажуваат дека самата уметничка за сето тоа има многу повесело мислење: Во последните 16 години од својот жовот Ани Спринкл работела како танчерка во 42-та улица, ѕвезда на порно филмови (150 играни филмови, 20 видеа и 50 8мм филмови), проститутка во салоните за масажа, била домаќинка на сопствена кабловска програма и објавувала статии и фотографии во безбројни порнографски списанија (вклучувајќи го и нејзиното сопствено).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа беше нејзиниот тесен премин во другиот свет, си помислив!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
- Тие мислеа дека вградувањето на железни прачки ќе ме одврати од намерата да летам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Отворено искажуваше сомневање дека господата во бели мантили ја искористиле грешката што ја сторила при обидот за премин во другото време за да вградат во нејзиното кревко тело железни прачки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Секоја божја квечерина
пројавуваш симптоми
на алергија:
прашина, минато
одминат живот
а каде без неа, кога сѐ е
всушност, прав и пепел
- од книгите до стварноста
па и тоа малку љубов
што го имаш
предизвикува
астматичен грч
психосоматски задув
а ни морето не е тука
да се прочистиш
од талогот!
Правта е овдешна вечност
- премин во метафизика.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Постапките што биле само предмет на морален суд, можат да станат правна материја.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На моралната и на правната сфера можеме да гледаме како на два система, меѓу коишто е можен премин во двете насоки.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Пример на таквиот премин се законите за ограничување на слободата за пушење во јавни простории, што на нетрпеливоста на непушачите кон чадот од цигари ⥊ даваат законска подлога.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)