Битно е да се нагласи дека Лозановски (а и другите вработени) никогаш не се реши да покрене судски спор поради престанокот на работниот однос, заради непостоење на формално-правна можност од евентуал- но враќање на работа и прераспределување во „Топлификација“ АД – Скопје, која иако беше надредено матично друштво и основач на „Топлификација Битола“, законски немаше никаква правна обврска да го решава статусот на работниците кои беа отпуштени поради деловни причини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тука би било умесно да се даде и една критика кон законодавецот, за носењето трговски закони кои им даваат можност на основачите на вакви друштва да водат селективна политика кон одредени сестрински фирми , а кои функционираат во рамките на иста дејност; а, згора на сè, е и можноста што им се дава да применуваат различни аршини за вработените во склоп на „групациите“ и да ја избегнуваат мож- носта за прераспределување во матичната компанија-основач, откако одредено поврзано друштво5 (а не „подружница“!),6 кое е основано од неа, ќе биде затворено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За можноста од остварување на своите права по судски пат тој се консултира со претставниците од синдикатот во фирма- та, како и со адвокат (М.Мишевски) – кој, пак, понатаму ќе го застапува во сите фази од работниот спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од случајот на работникот Лозановски може да согледаме како една стриктно централизирана политика во одредена компанија, која се јавува како основач на помало друштво,4 а за кое не покажува некој сериозен долгорочен интерес, може да делува на штета по работните места на голем број работници – кои совесно и најодговорно си ја извршуваат работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)