Оној кој искушува
на грешка тера
напредок заговара
унакажува, опседнува
видлив и невидлив
создава ли од ништо нешто
страхува ли од пресекот
на светот, крстителот?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тоа е, ете, клучот за менталитетот на Хамлет, клучот за заменливоста на животот и играта, сонот и јавето... во „пресекот на фантазијата“.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Геометриски објект, пресек на две прави, без димензија. Апстракција?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Пресекот на телевизиските производи се движи од извонредно реалистички, што снимателите ги создаваат целиот свој живот, до наједноставните наменско изрежирани забавни емисии, што се проткаени со вештачка искреност и карикирана стварност.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)