Оваа колективна тужба им ја подготви дипломиран правник (М.Мишкова) од општинската канцеларија на ССМ во Велес, која и ги застапуваше во спорот. 250 А, по утужувањето, притисоците десеткратно се зголемија и секојдневното одење на работа за оваа група тужителки почна да станува вистински кошмар.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За јавна почит е и тоа што судечкиот судија in concreto директно ги примени и следниве меѓународни правни извори: Европската социјална повелба (1961), Дополнителниот протокол (1998) и Конвенцијата бр. 897 за синдикалните слободи и заштита на синдикалните права.6 Незаконитите решенија и одлуки на органите на МЖ беа поништени, а претпријатието беше задолжено да го врати Ристески и неговите соработници на нивните дотогашни работни места.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Важно е да се истакне дека вработените во претпријатието беа синдикално организирани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Охрабрена од ова барање правда преку суд Б.А., заедно со уште осум нејзини колешки, се одлучуваат да покренат судска постапка пред надлежниот Основен суд Велес и да си ги бараат неисплате- ните 20 плати [од мај 1995, до декември 1996] и 55 придонеси во ФПИОМ [од јуни 1994, до декември 1998].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со 23 години работен стаж, Марковски, како што ќе видиме подолу, во два наврата – и тоа во јули 2001 и подоцна во јуни 2004 – се решава да покрене приватни судски спорови против својот работодавач, поради серија прекршувања на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Туженото претпријатие беше задолжено, во рок од осум дена, на Б.А. да и исплати вкупна сума од 108.803 МКД (1.785 ЕУР) на име неисплатени плати, како и да ги плати сите неплатени при- донеси кон Фондот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)