На крајот, привлечноста на фракталот влијае врз подемот на интересирањата за науката кај младите.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но, исто така, е и манифест за проект да се користи документираната привлечност на масовната култура како место од каде што ќе се навлезе во една неиндивидуализирачка, неперсонализирачка и ненормализирачка анализа на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, и покрај дивоста со кои таа во првиот миг го задржа на растојание, или можеби токму поради неа, тој ја почувствува силната привлечност на нејзиното тело.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На одреден начин во расчекор со своите современици, тој дури се реши да раскине со Хердер, токму во моментот кога севкупната интелектуална Германија подлегнуваше на утешителската привлечност на неговата мисла.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Заедно растеа, заедно во едно лето пред седум или осум години ги откриваа убавините и привлечностите на планината, трчајќи, скокајќи по ритчињата и полјанките.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Јас, всушност, почнав да размислувам за привлечноста на неговите писма и за тоа што насекаде зборувал на кој начин би ме земал.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Потоа еднаш ѝ реков: - Слушај, ја признавам привлечноста на младите.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Единствено прашање по повод едно такво патување: до каде можеме да одиме во истребувањето на смислата, до каде можеме да навлеземе во пустинската иреференцијална форма а да не пукнеме, но притоа, се разбира, да ја сочуваме езотеричката привлечност на исчезнувањето?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)