ПОДЕЛБА (скаска со поднаслов: Подигра) - Се сретнале Е. А. По и Р. Полански. „Си ја подзалижал косата ко да одиш на подиум“, му рекол По на Полански. „А ти подзалажуваш во приказните ко подлец!“, рекол Полански. „Кога го подзасили тонот подзаличи на тип од подземје“, рекол По. „Па, колку што знам, тоа е и твое подрачје“, рекол Полански и дискретно подждригнал. „Што фураш, Полански, во филмовите?“, прашал По. „Подлогата ми е една мачка“, рекол Полански. „Еден тип“, подмачкува друг тип, го убива, го шиба во подлогата со мачката, става цемент и сѐ подзамачкува!“ „Личи на мене!“, рекол По. „А ти, што фураш?“, прашал Полански. „Нешто ко подмет ми е една подморница“ што полека, од разни подсвесни и подтекстуални причини, се подигнува кон Месечината.“ „Знаеш што, По?“, рекол Полански. „Согледувам: наше поднебје е ПОД!“ „Фино речено, Полански. Драго ми е што подискутиравме“, рекол По. Margina #19-20 [1995] | okno.mk 45
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)