Никој не е врзан со физичките карактеристики што природата му ги доделила.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Или, доколку веќе сака некаде да се смести, секој е слободен да избере идентитет што му одговара - постоечки или некој сосема нов.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Со сета своја жар и лутина тој нестрпливо ги прекинуваше и секогаш им ја кажуваше истата работа – дека секој може да се надмине себеси, па ако вистински посака и ако вистински верува, може да стане некој друг.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Затоа не веруваше и не се согласуваше со оние што малодушно, со сета слабост на човечката природа му велеа дека доблеста е тешка, а пороците лесни.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)