Заверена фотокопија од пријавата му се врачува на работникот, во рок од три дена од денот на стапувањето на работа...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По исклучок, работниот однос 284 заснован со договор за вработување на определено време може да се трансформира во работен однос на неопределено време и пред истекот на рокот [од пет години], ако работникот работи повеќе од две години на работно место кое е ослободено по основ на пен- зионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства – доколку работодавачот утврди дека има трајна потреба од работникот, под услови и на начин утврдени со закон (чл. 46, ЗРО). 3. Според актуелниов важечки ЗРО: со потпишување на дого- ворот за вработување се заснова работен однос меѓу работникот и работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работниот однос заснован со договор за вработување на определе- но време, освен договорот за вработување за вршење на сезонска работа, се трансформира во работен однос на неопределено време, ако работникот продолжи да работи по истекот на рокот, под ус- лови и на начин утврдени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Што се однесува до проблематиката на социјалното осигурување, во 2005 беше предвидено дека работодавачот е должен да го пријави работникот во задолжителното социјално осигурување, во согласност со посебните прописи, а заверена фотокопија од пријавата му се врачува на работникот – во рок од три дена од денот на стапувањето на работа (чл. 13, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)