Втора измена на чл. 23 се случи во јули 2014 каде се дефинира содржината на јавниот оглас кога работодавачот вработува работници по пат на јавен оглас, тој е должен во јавниот оглас да ги наведе: (1) називот на работното место; (2) условите што се бараат за вршење на работата; (3) почетокот и крајот на дневното и неделното работно време; (4) распоредот на работното време; (5) паричнот износ на основната нето плата за конкретното работно место; (6) се дефинираше временскиот рок за пријавување кој не смее да биде пократок од пет работни дена; (7) рокот во кој работодавачот ќе го изврши изборот и (8) точните податоци за работодавачот (назив, седиште, (лице за) контакт и сл.) (чл. 4 од ЗИДЗРО/ јул.14); г) измените кои ги претрпе ЗРО во делот на правата на неизбраните кандидати може да се толкуваат дека тие донесоа и позитивни и негативни промени.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)