Тоа требаше дополнително да се разгледа: Единствената мирољубива опција - пријавувањето на проблемите на соодветен општествен орган - отпаѓаше во старт, затоа што требаше да се пријавува кај самата мета...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Најпрво, и покрај уредното пријавување на случајот кај јавниот обвинител да ја преземе кривичната постапка, тие беа одбиени односно, со писмен акт III РО бр. 228/08, во мај 2008 беа известени дека надлежниот основен јавен обвинител (Д.Михајловска) нема да покрене кривична постапка со образложение дека „не постои основано сомнение дека се работи за сторено кривично дело“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Остана редовното пријавување во 76 Агенцијата за вработување 6 во роковите утврдени со овој закон, но наместо пријавувањето на објавените огласи за потреба од работници и доставувањето доказ за пријавување на огласи кај работодавец, во средствата за јавно информирање или во Агенцијата, со промените од 2004 година од невработеното лице се бара да се јавува на покана од Агенцијата за вработување заради: а) советување, б) присуство на состаноци и интервјуа, в) доставување на потребни документи, г) упатување кај работодавци заради вработување и разговори во врска со искажаните потреби и условите за вработување и д) упатување кај работодавци, здруженија на работодавци и институции заради вклучување во обука, преквалификација или доквалификација заради вработување (чл. 5, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Утврдувањето на кривичната одговорност на сопственикот на фирмата,7 која треба по службена должност да ја утврди полицијата и јавниот обвинител, беше исто така трнлив пат кој го изодеа Јакшиќ и неговиот новоангажиран адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)