Со најновиот позитивен развој на настаните, Јакшиќ се надева дека сега ќе се повтори граѓанската постапка 11 и дека овој пат правичноста конечно ќе победи, а тој ќе биде во состојба да ги подмири долговите кон своите роднини и пријатели кои ги создаде овие години за да го спаси видот на едното око, а и да добие средства за да може да отиде на операција за, со помош на трансплантација на рожница, да го поврати видот на окото и како порано да биде нормално способна личност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во кривичниот процес (кој беше воден пред судскиот совет во состав В.Миновска судија-претседател, С.Михајловска и С.Петров), а и оштетениот Јакшиќ имаше свој полномошник (адвокат М.Петковска – поротници/членови) осудениот управител беше застапуван од својот бранител (адвокат В.Петров), а и оштетениот Јакшиќ имаше свој полномошник (адвокат М.Максимовска) кој, во завршните зборови, предјави имотно-правно побарување во вредност од 3.500.000 МКД (57.375 ЕУР) кое ќе го бара во друга постапка. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Татко ми беше ангажиран од еден пријател кој подготвуваше еден државен билтен за тоа што пишува странскиот печат за земјата, да му преведува или да му помага во преведувањето на странските текстови.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Имаше нешто гротескно во судбината на сега веќе куциот човек и на уште неколкумина негови пријатели кои, во една вејава зимска ноќ, во времињата кога земјата беше затворена за патувања и преселби, тргнаа да бегаат преку граница, преку Каба Планина, кон Грција, а оттаму, како што веруваа, во Америка или во некоја друга слободна земја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во овие тесни улици на „Сен Мишел“ бев со еден ој пријател кој намерно ме доведе овде за да се нагледам париски бизарности и да го почувствувам Ориентот во француската метропола.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Мојот брат Марк имаше пријатели кои имаа тајно клупче на таванот на нивната гаража и единствениот начин да се стигне таму беше преку дрвените скали на ѕидот, ползејќи преку една тесна штица.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Бездруго ќе му пратев еден електронски поздрав на Владимир Пиштало и на некои други пријатели кои брзаат да фатат ред за темата смрт во Венеција, ќе му мавнев отпорано на оној оџачар на покривот кој многу личи на Фелини и кој уште не беше разбрал дека секоја година зимата доцни во Венеција.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ќе зјапав во лап топот и ќе си го изгорев јазикот од првото утринско кафе.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
„Морнаричка роба. Тука имам еден пријател кој беше во морнарицата, се вика Џонс.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Едни мои пријатели кои редовно практицираа бајачки мисионери слушнале за него дека бил многу подобар од кецот и дека бил толку способен што разговарал дури и со Господ.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
„Не“, рече господинот Гологанов. „Се распрашувавме...“ „Викнавме дури и еден пријател кој се разбира...“, додаде госпоѓата Гологанова.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Со останатиот свет одржувам врска само благодарение на некои роднини и пријатели кои редовно ме посетуваат и ми кажуваат што има ново во градот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Венчаните денес секогаш можат да се разведат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, како го окончуваш она што, кога првпат си се впуштил во него, си решил – во интимен обред на потврда што си го одиграл пред сите пријатели кои свечено си ги задолжил да го посведочат – да го викаш „доживотно сопатништво“?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разводот е една од многуте повластици на бракот, една од многуте придобивки што им следуваат на тие на кои им е дозволено да се венчаат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А откако ќе се оконча, како си го нарекуваш следниот љубовник?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А потоа почна да не ги распознава нештата, да ги побркува – го земаше ножот за да пресече леб со него, а потоа помислуваше дека е игла и бараше од мене да ѝ донесам кошула за да ја закрпи со ножот, компирите ги редеше во шкафот за чевли, и онаа кукла – парталче со избледена крвава трага преку неа, сигурно во еден миг за неа се претвори во птица која ја пушти да одлета.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не препознаваше некои од своите пријателки кои случајно ќе ги сретнеше на прошетките – а откако тие ќе ѝ пристапеа, таа ја криеше збунетоста, им поставуваше општи прашања, за да не се забележи дека не знае со кого разговара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Како и на секој Јов, најден на мака, ќе му се прикраде како змија мудриот пријател кој ќе почне да го советува да се мавне од „глувчешкото пријателство“ зашто, како што се случувало, и тој можел да се глувчоса.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Имам еден пријател кој се вика Владимир Илич Ленин, ама на сите им вели да го викаат Владо.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Секогаш кога застануваше пред преполните полици се сеќаваше на еден пријател кој ѝ ги кинеше нервите кога одеа заедно на шопинг - тој пред да стави било што во кошницата гласно се преслушуваше: „Дали ова би му било потребно на еден јогин?“
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Касарната сега не функционира, но од еден мој пријател кој лично се познавал со Саво ја добив неговата адреса.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Душка! Овој, - намерно го изостави она господин , е мој пријател кој е на поминување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А вие страдни души кои што на времето не можевте да ги поднесете вашите пријатели кои што гледаат таква глупост како Династија, кај сте сега?
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Зјапам во очите на луѓето околу мене кои мирно го издржуваат моето испитување. Никој не вели ништо.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Среќавам пријател кој слави роденден. Седнуваме на кожната софа и шмркаме по некоја црта.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Колку е фино кога имаш пријатели кои те прифаќаат таков каков што си.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
4.30 Се наоѓам во друг клуб. Повторно свират Primal Scream.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Татко не сакаше да го запира работниот елан на својот пријател кој беше во нагорна линија, се согласи да продолжат да работат до исцрпувањето на листата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски инсистираше на посебната условеност и поврзаност на атерот и севапот, макар семантички антиподно поставени, потоа и на постојаната актуелност на рушветот и калаузот кај Балканците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И околу немоќниот Тито, неговите последни генерациски пријатели кои беа делови на механизмот на владеење, како да ја гледав истата игра, истата немоќ и лажни илузии, да се спасат деловите на земјата, а да се изгуби целината, остварените вредности, понекогаш и по жестоки цени.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Азра беше професионалка и така се однесуваше, не оставајќи ништо на случајности околу проширувањето на полето за работа за себе и за своите пријателки кои кај неа имаа третман во графи и проценти.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Марин Крусиќ, по години отсуство поради болест на коските, сега почесто се задржуваше во Скопје, каде во истовреме помагаше околу поправањето и доградбата на Куршумли-анот, та имаше можност да се среќава одвреме-навреме и со својот стар пријател кој крај езерото му купи една од библиите на германскиот златар, а и еден Молитвеник на кирилица.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога луѓето доаѓаа да ги побараат (часописите и модните агенции и старите пријатели кои загубиле контакт со нив), ние се обидувавме да ги пронајдеме но тоа не ни поаѓаше од рака.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Отвараш врата и... ги гледаш пријателите кои дошле да ти помогнат. И тоа без никој да ги викне.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Јано, да му откријам на твојот нов пријател кој ни го подари тигаров?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
(Така Б. С. го нарече Денко Самоников, пријателот кој седеше спроти него, инаку познатиот лирски глас на помладата група поети.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Имав пријателка која не само што се жалеше туку беше и уверерна дека има издолжено лице, и тоа само затоа зашто огледалото го издолжувало.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тој му го доверил писмото на еден швајцарски пријател кој претпоставувал дека ќе ме сретне, но на крајот му го доверил писмото на еден друг швајцарски пријател...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Дури и ако постои поголема слобода, ова отсуство изгледа е прилично тешко бреме за носење.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Единствено можам да разговарам за моите блиски пријатели кои ги познавам 30 години, тие работат на истиот јазик, на истите проблеми и идеи.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Изгледаа како група пријатели кои на враќање од напорен џогинг навратиле на по едно кафе, одбивајќи да се сетат дека жените дома веќе им се нервираат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тоа му го овозможи еден пријател кој, исто така, беше некој бивш „важен“ партиски апаратчик во градот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пред сè поради тоа авторот толку многу се зближи со него што останаа пријатели кои не само што редовно се посетуваа и во Битола и во Скопје туку се бараа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)