пријател (имн.) - му (зам.)

ФЕЗЛИЕВ: Ви се молам една чиста крпа, госпоѓо. На нашиов пријател му се слоши. Јас ќе земам... (Излегува во кујната.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Најдобри пријатели му беа чеканот и наковалната.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Беше тоа еден лек и немарен начин на надмошност, што и пријател му како самиот да го бараше: како од устата на друг човек да ги слуша своите сопствени внатрешни слатко-пакосни потфрлања.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тогаш, сосема случајно еден холандски пријател му испратил пробен каталог фонтови во кој го имало целиот Nobel.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се сети: кога еднаш на еден свој пријател му рече дека науката не го занима, не знаеше - еднаш (во овој ден) тој ќе ја презира таа наука, еднаш (денес) стегнат во избледена кошула за опасни лудаци ќе почне да се плаши од затемнување на сонцето во својот мозок.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога наутро доаѓавме во Фектори наоѓавме празни чаши од јогурт и остатоци од храна, но никогаш не дознавме дали самиот излегувал ноќе или некој од неговите пријатели му доставувал храна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)