проба (имн.) - низ (предл.)

Ја ослободивте ли пуста Македонија? — ги засипа со прашања Ѓорче Петров во еден од првите септемвриски дни беловодичките раководители Игета, поп Пана, Милана и Тошета, кој со сто и триесет момчиња и осум маски џебане се проби низ Кратовско Кумановскиот реон, го прејде Вардар над самиот Велес и преку Азот ја фати Бабуна, да може некако да помогне, ако е за помогнување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Направивме тоа да не можеме, ете, цел месец да се прибериме дома, им го дадовме оганот на нашите села; ги оставивме жените, децата и старците да се тресат на пепелиштата, а луѓето ги фрливме по темниците да скапуваат. Ете што направивме!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зареве борејќи се само со раменици и со глава. Врело и несопирливо, како метална жица, неговиот глас се проби низ клучалките на катот и се забуцна во напрегнатиот слух на станарите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога се раздени, му рече: „Ќе кажам дома дека сум била кај некоја другарка.“ „Ти си златна девојка“, се протегна милувајќи и го челото и благословувајќи го нејзниниот грев златен како раното сонце што проби низ дрвјата, како реката под утрена наметка. *
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А кога келнерот се проби низ масите и застана мирно пред него, Геро прво покажа со прст кон Ване, а потоа го врати на себе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Една слаба рака со машки влакненца и широка бакарна алка се проби низ толпата околу масата и ѝ понуди запалка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повторно го видоа дури кон крајот на есента, во еден рибен ресторан во Барселона, облечен во истиот невообичаен комплет и со косата сплетена во долга плетенка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дождот престана. Небото се проби низ облаците.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)