Понатаму, на многумина од нив не им беше сфатливо како тоа со колективниот договор може да се утврдуваат поголеми права од законските, а со индивидуалниот договор за вработување не може да се утврдуваат помали права од законски загарантираните; или, дека работниците можат да иницираат [стечајна] постапка за престанок на правното лице во кое работат - доколку работодавачот, три месеци едноподруго, не им исплатува плати и придонеси...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Речиси никој (со исклучок на синдикалните активисти), 299 не знаеше како оди процедурата за основање синдикат на ниво на работодавач; потоа, многу малку работници знаеја дека работодавачот мора лично да им врачи отказ во задолжителна и единствено релевантна писмена форма и не може туку-така усно да ги „избрка“ од работа или, пак, дека им следува право на дополнителна пауза за време на течењето на отказниот рок – со цел барање нова работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, поради тесната партиска блискост и заткулисни пазарења на т.н. синдикални лидери со партиите од власта или од опозицијата, тие повеќе се грижат за политичката коректност на своите потези и изјави, отколку што водат грижа за вистин- ските проблеми кои секојдневно го тиштат работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Непредвидено, настана еден проблем кој се однесуваше на ставањето на водомери. Сите избегнуваа за тоа да зборуваат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Напротив, тоа непосредно нè доведува до темелните проблеми кои одлучувачки го обележуваат општествениот живот и историскиот момент на Хрватска.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Севкупноста на тврдите објекти во кои е внесена одредена информација е позната како „материјална култура“ а нејзините карактеристични мемориски недостатоци (таа се изупотребува и станува отпадок) сега се претставуваат како сѐ уште неразрешени проблеми кои, според некои критичари на културата, го загрозуваат и самиот опстанок на човечката раса.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Условите и појавите на променетата моќ на уметноста во 20-иот век Од проблемите кои бараа решение скицирани се само некои: (1) Бурниот развој кој од 1910 ги зафати ликовната уметност, музиката и литературата во Германија наиде на една традиционална уметничка публика, која не само што мнозински беше неспремна за тоа, туку поради војната и револуцијата беше наклонета кон изразито регресивни тенденции.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Според неговите опсервации можните политички проблеми кои можеле да се појават поради „зголемувањето на партизанските сили во областа“ би можеле да се спречат со недавањето никакви изјави за настанатата ситуација, на никој начин да не се инволвираат членовите на британските воени мисии „во проблемот за независна Македонија, како и за сите други политички проблеми“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во 1978-та година, во краткиот додаток на собраните дела од Louvain Колоквиумот одржан 1976-та година, на тема Литературата и Преводот, Andre Lefevere предложи името Translation Studies да биде усвоено за научна дисциплина која ќе се занимава со „проблемите кои произлегоа од зголемената продукција и дескрипција на преведувањето“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И, за крај, се разбира, главниот проблем кој го чека секој оној што е заинтересиран за Translation Studies: прашањето на евалуацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Проблемите кои произлегуваат во пракса и различното толкување и примена на ова прашање неопходно ја наметнува потребата од единствено уредување на ова прашање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Известувањето за планираните колективни отпуштања работодавачот е должен да го достави до службата надлежна за посредување при вработување, најдоцна до 30 дена пред донесувањето на одлуката за престанок на работниот однос на работниците, а доколку рокот е пократок од 60 дена, службата за посредување при вработување може да побара продолжување на рокот до 60 дена по известувањето, ако проблемите кои произлегуваат од планираните колективни отпуштања не можат да се решат во рамките на почетниот период.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Оваа тензија помеѓу идејата за хибридна и за хомогена држава е голем социјален и политички проблем кој треба да биде решен.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Но, ова се проблеми кои мора да се решаваат заедно со интелектуалците, а не само од страна на бирократијата на Rand Corporation.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таа не е праведна; затворање на луѓе поради тоа што користат некаква супстанца, дури и ако е штетна, ги крши нивните основни права сѐ додека нивните постапки директно не ја загрозуваат околината.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Меѓутоа, како што истакнуваат многу критичари, воведувањето данок кој би бил доволно висок да ја обесхрабри потрошувачката, не само што не би ја постигнало целта, туку би го поттикнало црниот пазар на евтини дроги, а со тоа и во недоглед би ги продолжило токму оние општествени проблеми кои легализацијата се обидува да ги укине.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Од друга страна пак, најголемиот број проблеми кои што денес ги создава наркоманијата, не потекнуваат од уживањето, туку од забраната на уживањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во секој случај, државата би можела да преземе мерки за намалување на побарувачката, кои не би биле толку драконски за повторно да создадат црн пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Како и многу други приврзаници на легализацијата на тешките дроги, Бендоу постојано, иако без докази, повторува дека поголемо зло претставуваат проблемите кои произлегуваат од забраната за уживање дроги, отколку од самата нивна употреба. Таквиот став ми се чини многу наивен.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Дрогите би можеле да се оданочуваат со што би се собрале пари потребни за решавање на општествените проблеми кои произлегуваат од наркоманијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во медицинските кругови таквите пациенти се нарекуваат “хистерични”, “хипохондрични”, “лажни пациенти”, и со разни други имиња што ја изразуваат аверзијата што се чувствува кон оние проблеми кои не се вклопуваат во прифатениот модел (Ford, 1983).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Клучниот проблем во врска со легализацијата (која се содржи во тоа што нејзините заговорници ги предвидуваат можните негативни последици, а ги преувеличуваат можните позитивни), претставува тоа што легализацијата на продажба на тешки дроги неминовно би довела до зголемување на потрошувачката, а што најскапо би го платиле најсиромашните и најзагрозените општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Овде не станува збор за никаква фиктивна земја, во прашање е Шведска.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во рамките на предлогот за легализација се предлага и оданочување на продажбата на дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Примерот на Шведска не значи дека криминализацијата не создава проблеми, туку дека поголемиот број од тие проблеми - како и проблемите кои произлегуваат од легализацијата
- зависат од општествениот контекст.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
(16) Тажната вџашеност на духот пред кражбата на работите која веќе Valery ја спомена по повод Leonardo како „најчуден проблем кој било кога можеш себеси да си го поставиш (...) а кој се состои просто во можноста на другите интелигенции, во множеството од поединечно, во противречната коегзистенција на меѓусебно независни траења - tot capita, tot tempora - проблем споредлив со проблемот на релативноста во физиката, но неспоредливо потежок (...)”. okno.mk | Margina #3 [1994] 17
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Брзо додаде дека нема ништо лошо во парите, обидувајќи се очајнички да се надоврзе на аскетските проблеми кои, тврдеше, единствено ги забележал.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Сите кои беа во офицерскиот дом, во тие неколку часови беа далеку од сите проблеми кои ја тресеа земјата, а и светот во тоа време од човечката историја.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Татко, од овој аспект, од оваа призма, ја следеше балканската историја, проникнат во падовите на империите, кога историјата зрачеше најмногу со својата трагичност, со проклетството како што тој го нарекуваше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој не веруваше дека судбината на човекот во историјата е проблем кој би можел да се разреши во внатрешноста на историското време.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Далеку помалку воочлив проблем кој е барем исто сериозен колку кршењето на работничките права е нивното постојано намалување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Како што може да покаже секое теренско истражување, кршењето на работничките права во Република Македонија е сериозен проблем кој значително го влошува животниот стандард и човечкото достоинство на работниците.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Три сосема различни дискурси за проблеми кои се прилично вжештени токму кај нас.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Проблемот кој се обидуваме да го локализираме не е скопски (то ест македонски), туку на ниво на човек.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Но велеше дека за нас, туѓинците, кои првин секогаш ќе си имаме проблеми со јазикот на другите, беше најдобро да се определиме за средните стручни, технички или медицински училишта, оти така ќе си ги решевме однапред главните проблеми кои подоцна не ќе ни ги комплицираат животите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Потоа сметам дека на нашата возраст, кога врската почнува да постои, најмногу ѝ одговара да не поставува услови и да не се оградува од проблеми кои можеби никогаш нема да се појават...
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Поетот сепак го измачува еден проблем кој навидум се чини решлив.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ставот на уметничката група WochenKlausur е дека не постои подобар начин да се искористи способноста на уметниците за смислување креативни решенија отколку истата да се употреби за трансформирање на општеството: „насекаде има проблеми кои што не можат да се решат со користење на конвенционални пристапи па на тој начин тие се соодветни предмети за уметнички проекти“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
68 5.2. Вохенклаузур (WochenKlausur)
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
И конечно, тоа што најмногу ме зачуди и што се покажа како кобниот фактор во мојот престој кај тетка ми, беше извонредно мекиот теписон во кој и влечките ми потонаа уште при првото стапнување во тоалетот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Причината за проблемот кој ми го загорчи и мене и на сите моето патување почна да се развива за време на конференцијата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Моите проблеми во тој момент беа токму такви и никој жив не можеше да ги отстрани, но татко ми ми се обрати многу нежно кога ме праша што ми е, и седна до мене со намера да открие, а не само онака, да праша и да си замине како што понекогаш прави.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Обично нему не му се доверувам оти мислам дека нема да може да ме сфати, иако мајка ми постојано ме убедува дека имам разумен татко кој го разбира децата и може лесно и брзо да им реши многу проблеми кои им се чинат нерешливи.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)