Од интимно исповедните ноти како продукт на човек кој припаѓа на редот на авторите во егзил (од 1938 година ја напушта Романија и живее во Франција), она што ми остана во трајно сеќавање е ламтежот од натисокот на проблемите од егзистенционален карактер.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Не знам дали сака и колку е спремен да се бави и понатаму со проблеми од животов“, ѝ реков и побрзав да го засолнам погледот, да станам дел од божемната натажена отсутност и на другите присутни; дури и рамениците ги поткренав, како да се чудам зошто немам јасен одговор и на најобичните прашања што за жал сѐ повеќе се множат, се множат.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Психотерапијата е место каде се очекува терапевтот и учесниците да бараат објаснувања за проблемите од психолошки домен, додека пак човекот кој што бара помош од медицински практичар, објаснувањата на проблемите ги бара во физиолошкиот домен.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Телото најчесто делува врз духот со физички стимули, предизвикувајќи осети, перцепции, или доколку ги класифицираме осетите како психолошки настани, доаѓа до создавање на сеќавање (меморија).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зошто, тогаш психо-физичката интеракција би претставувала поголем филозофски проблем од проблемот за каузалната поврзаност на телата во физичкиот свет?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Беше свеќар. Занаетот го имаше наследено од татка си кој со турците знаеше добро да преговара, да се пазари и без проблеми од нивна страна да склучува добри зделки со христијанското население во Македонија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Малку ли му се текстилните фабрики во Дренок, Пробиштип и Виница, малку ли му е заработувачката од дејноста што му ја овозможивме да влечка жени од Солунското пристаниште до кај нас, па уште и со статус на шеф на транзитната служба? – началникот си земаше слобода гласно да говори во мое присуство, очигледно свесен за тежината на проблемот од ваквата инволвираност на Гркот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)