проблем (имн.) - не (чест.)

Ја споменавте „Нацијата“, во која ги опишав одговорите. Washington и The New York Times, мислам, ја протолкуваа сликата многу различно, едниот ги опиша усните на евреинот како „ласцивни“, а другиот како „претерано стегнати“ - што индицира дека проблемот не е таму каде што тие го лоцираа, бидејќи не сум можел да ги нацртам усните истовремено и такви и такви. Моја ограниченост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така, во една од улиците, кои сега се оформуваат, а која е паралелна од левата страна со главната, која целата е обновена, насреде стои стара куќа, која чека сигурно на уривање, но веројатно нерешените имотно-правни проблеми не допуштаат да исчезне.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Проблемот не беше само во тоа што сексуалниот инстинкт создава свет за себе, кој е надвор од партиската контрола и кој, според тоа, мора - доколку е можно - да биде уништен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Ќерко моја, како патуваше, долг е патот. - Ма тето моја, проблем не ми беше патувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но проблемот не беше да се врати во стварноста, бидејќи таа не ни беше отсутна од неа, туку само на стварноста ѝ пристапуваше со својот особен сензибилитет.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Можеби проблемот не е во нив, туку во Њутн, која не е во состојба да ја лоцира комедијата во извориштето на сиот тој урнебес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кутрото теле сѐ уште не знаело дека проблемот не е во боите туку во вратата која се отвара но може и да се затвори.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Добивката“ таа ја лоцира во личната сатисфакција и во тоа што увиде дека судскиот систем во Р. Македонија колку- толку функционира, барем кога се работи за проблематиката на заштита на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вујовиќ решително истакнува дека, во случај да ѝ е повредено некое друго право, таа – без двоумење – повторно би покренала спор доколку проблемот не може да се реши на друг начин.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)