Глеј само како му слабее чекорот Како му истечува времето И како исчезнува во сопственото ехо во глувата пештера на сеќавањето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Под ова небо што не ноќева во празни срца она што беше еднаш видено или наслушнато само се побрзо се оддалечува во чудесна преобразба од бегалец во прогонувач кој не верува дека некогаш пак ќе ни се придружи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А потоа наеднаш пак му се наслушнува одот; Од на преморен коњ Затечен во редок шамак Со облаци инсекти околу вратот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Под ова небо што не ноќева во празни срца она што беше еднаш видено или наслушнато само сè побрзо се оддалечува во чудесна преобразба од бегалец во прогонувач кој не верува дека некогаш пак ќе ни се придружи.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)