Внатре беше осветлено, сѐ беше осветлено, разната стока и оние легнати, долгнавести, големи тегли со бомбони, со отвор однапред во кои продавачот ја пикаше раката и вадеше колку што сакаш. Ние тројцата бевме одоваде тезгето.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И продавачите ја фатиле првата сенка, го починуваат грлото.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)