продавач (имн.) - во (предл.)

Дики: Грета, со што всушност се занимаваш? (Пали цигара) Маргина 37 133 Грета: Бев продавачка во драгстор, а после работев во видеотека. (Во уста става мастика) Дики: Премногу си убава.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мама: Се распрашував да работам како општа продавачка во некоја цвеќарница - ништо.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Седнува наспроти Дики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дури и Бредшо, продавачот во Фрио Сити, во чија продавница ги купи прехранбените продукти за ранчот, постојано го опоменуваше да ја плати сметката за последните шест месеци и му се закануваше дека веќе нема да му дава ништо без пари.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
ЛИЦА: ДИМИТРИЈА АНДРЕЕВИЌ, 55, инвалид, бивш ѕидар МАРИЈА, жена му, 50 АНДРЕЈА, 22, нивни син, продавач во бакалница СТЕФАН, 26, негов брат, референт во претставништво за автомобили СИМОН, 30, најстар син во фамилијата, келнер ВЕРА, 25, негова жена, домаќинка ХЕРЦОГ, 55, раководител на претставништво за автомобили, Евреин САРА, 23, негова ќерка ХЕРМАН КЛАУС, 45, дојденецот од Германија БАЈАЧКАТА СИВИЌ, 35, советник во претставништвото АДО, 23, пријател на Андреја, возач на камион ПРОСТИТУТКАТА ПОПОТ ГОСТИ НА ПРИЕМОТ, АРГАТИ, ГОСТИ ВО МЕАНА Се случува во Скопје, непосредно пред II светска војна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Од мене сакаа да направат трговец. Продавач во стоковна куќа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Многу рано се врати оваа вечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)