продавница (имн.) - бев (гл.)

Солунскиот саем, кој се одржуваше овие есенски дни, како да го задуши градот со коли, кога магазините и продавниците беа отворени, а тие до „врвот“ натрупани со купувачи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повторно имаше бесни демонстрации, фигурите со ликот на Голдштајн беа спалувани, стотици постери на евразискиот војник беа искинати и фрлени во пламенот, а голем број продавници беа ограбени во безредието; тогаш се прошири глас дека шпиони управувааат со бомбите, со помош на радио бранови, и толпата ја запали куќата на една постара брачна двојка за која се сомневаше дека е од странско потекло, па двајцата умреа од задушување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Малата внатрешност на продавницата беше всушност непријатно полна, но немаше речиси ништо ни со најмала вредност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
13. Пиратската продавница беше празна и спокојна пред погледот на отворената улица, додека законот ги движеше автомобилите и луѓето во мешаница.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Не му купив подарок зошто, логично, сите продавници беа затворени.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како што очекуваше: продавницата беше затворена и Едо селанецот веќе седеше на талпата налактен на колениците и со главата обесена меѓу нозете.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Клучевите од таа продавница беа во рацете на Сврделот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да пуштиш мало дете со поголема банкнота в продавница беше ризик од повисок ред.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На излогот од затворената продавница беа наредени плишани животинки: куче, мачор, лав и магаре.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Долга жолто-сива врволица од туристи се влечкаше по долгата дубровничка улица; витрините од продавниците беа начичкани со капи украсени со ширити, со богато извезени елеци, привлекувајќи ги погледите на минувачите кои бараа евтини подароци или на оние кои бараа костим за маскенбал на брод.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Терасата на ресторанот неочекувано се отвораше накај Јадранот, кој тука ненадејно се појавуваше сред градот, на место каде што човек најмалку би можел да го очекува, зашто тој впечатлив син блесок не користеше за ништо друго освен за да му го збогати шаренилото на боите на пазарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)