Но, сепак пролетта ја освоила Софија и сега е таа поблиска и потопла.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)