промена (имн.) - кој (зам.)

Набрзо во 1834 година, кога се распадна военоспахискиот поредок во империјата, и по 1839-та кога со Џалханскиот Хатишериф беше гарантирана личната безбедност, имотот и вероисповедта, а со тоа создадени и можности за преселување на луѓето од едно место во друго, од селата во градовите и од помалите градови во поголемите, во Потковицата се случија некои промени кои, подоцна, имаа големо влијание врз севкупниот живот во неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
309 Членовите на британската воена мисија Bethesda, која единствена останала во Македонија, по ослободувањето можеле и самите да се уверат во промените кои се случувале во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ова е промена што се провлекува низ целата наша култура, промена која значи оддалечување од облиците и навиките на печатена страница, во правец на “terra nova”, промена речиси во целина водена од електронските комуникации.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако тоа не го направи веднаш, нешто може да се случи кај него, може да настане некоја промена која може да го натера да се помири со неверството.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Станува збор за промена која се однесуваше само за категоријата невработени лица со над 25 години стаж на осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како нови основи фигурираат: а) одбивањето вработување со полно или скратено работно време, кое не е помало од половината од полното работно време, а е соодветно на образованието, знаењето и можностите на невработеното лице; б) прекинувањето на обука, преквалификација или доквалификација по вина на невработеното лице; в) исполнувањето услови 72 за стекнување право на пензија (покрај веќе постоечката основа која предвидува остварување право на пензија); г) затекнувањето на работа кај работодавец од страна на надлежен орган; д) неоправданото одбивање привремено вработување во исклучителни случаи (поплави, земјотреси, неопходно извршување на земјоделски работи и слично); ѓ) одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи; е) одбивањето вработување на работно место за кое се бара пониска стручна подготовка од онаа на невработеното лице, а ако тоа, непосредно пред да остане невработено, со своја согласност, работело на такво работно место или изјавило дека прифаќа вработување и на понизок степен на стручна подготовка; ж) нејавувањето на покана на Заводот за вработување од неоправдани причини; з) небарањето активно работа во последниот месец и ѕ) неизвестувањето на Заводот во рок од осум дена за секоја промена која е услов или основа за стекнување, остварување или губење на правото на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
2. Изрекување на мерката „забрана на работа“ Следна важна промена која ја донесоа измените на ЗРО (1993) во сферата на инспекцискиот надзор се однесува на овластувањето на трудовите инспектори за забрана на работата во работната просторија на работодавецот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сметаме дека тоа ќе биде доволно за заинтересираниот читател да може самиот да ја провери промената која е коментирана.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се работи за промени кои се поволни од гледна точка на прима- телите на социјална парична помош.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сеопфатни промени кои ги засегаат и правата од работен однос настанаа со донесувањето на промените од април 2006 година донесува.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Понатаму, мала, но сепак не безначајна промена која оди во прилог на работодавците, а која вреди да се спомне е измената на рокот во кој работодавецот е должен да го одјави работникот на кој му престанал работниот однос.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Законот за трговските друштва усвоен во 2004 година донесе одредени промени кои можат да се сметаат за минимални подобрувања на правата на вработените во споредба со Законот од 2002 година, но кои сепак значат значително намалување на нивните права во однос на Законот од 1996 година, кој фактички беше на сила до тој момент.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)