Ропството наше можеби немаше да биде толку тешко ако во нашите работи не се заплеткаа секаквите пропаганди кои од име на браќа и доброжелатели го разединуваат братот од братот и ги предизвикуваат Турците да вршат најголеми злосторства.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Поради тоа, ние мора да ги избегнеме сите линии на пропаганда кои прават зависни споредби меѓу земјите кои се борат и оние кои не се борат и мора да го употребиме примерот на првите со цел да ги покренеме вторите на акција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Но, колку и да беше силна инерцијата на идеолошката пропаганда која доаѓаше од далечниот победнички центар на Сталин, не можеше и новата острина и на најжестоките, непомирливи апаратчици да не смекне крај ова големо Езеро, со реката на вечно заминување, кога беше во прашање делото на Игор Лозински…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)