простор (имн.) - бев (гл.)

Четвртиот простор беше изграден настрана од патеката на каерата: тоалетите со блескава белина како полигон за прељуба и едноставен заплет за којшто ни зборува и насловот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кое литературно братство на светот може да се пофали со вакво антикомунистичко педигре? Треба да се биде горд!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Значи дури откако просторот беше прелиминарно посветен, можеше да се помине на светиот говор, возвишеното проповедање на „српскиот национален интерес“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во овој простор беше извршен и најго­лемиот грабеж на векот: покрај верувањето во душата бе-ше украдено и времето на луѓето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, просторот беше испразнет, како за боравена идеја висната на жица, која штотуку не го испуштила разглобениот телефон чија контура се исцртуваше.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Просторот беше прекрасно декориран со цвеќиња од најпознатата цвеќара „Цвета“ во Битола.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На тој простор беа дрвјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наеднаш чиниш тој простор беше му го позел; тој простор чиниш уште пред тоа, пред тој да може да го знае тоа, беше му го украл сиот негов здив во своите недогледни глобочини, со мирна невидена плавна синевина, што го исполни сето растојание меѓу бескрајните брегови на неговиот поглед и простор беше го повлекол сиот него кон себеси, кон својата шир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можевме да влеземе во малата уличка спроти вилата Магребија, каде што Бешир обично го паркираше мерцедесот. Просторот беше целосно блокиран.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашата резиденцијата беше целата опколена: војник до војник, секој со пушка со бајонет или калашников во рацете.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Авторот наведува дека 80 отсто од тие кои се повлекуваа по овој отворен простор беа убиени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Леташе, божем целото поле, целиот простор беше негов.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Времето запираше. Просторот беше неосознаен. Немаше ни време ни простор.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)