Виртуелниот простор за полимедискиот уметник и теоретичар Peter Weibl е паралелен простор што не се вклопува во одредбите на њутновата okno.mk | Margina #15-16 [1995] 33 физика, простор кој овозможува симулација на објектите-слики, поточно како-божем- предмети и покрај редот на реалното; виртуелната топка може сосема лесно да се наоѓа таму каде што веќе има некој друг предмет.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Судбината на невидениот јунак чие присуство го чувствуваме во текот на целата сторија, за посетителот станува недвосмислено јасна: детето и целото негово семјество се брутално однесени од домот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И така од „слика” во „слика” влегувате во еден ист простор кој доживува морбидна трансформација, сѐ до онаа слика во која стојат расфрлани работите на Даниел.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Бернард Лоун, пак, вели: „Затоа, само оние кои го гледаат невидливото - можат да го направат и невозможното“.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Можеби токму во оваа смисла треба да се протолкува специфичноста и осаменоста на македонскиот историски простор кој со сета своја историска густина како да е предодреден - за утопија.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во таа смисла, еден евидентно анахрон концепт за тродимензионален простор кој е тнр. „база“ на медиумот „архитектура“ веќе не може да опстане во своите три димензии туку ги користи придобивките (кадрирање, суспенз, нарација...) на тнр. дводимензионален простор на филмот, на пример (кој, парадоксално, „со една димензија помалку“ - иако и таа се освојува со Виртуелната Реалност - се здоби со повеќе „реалистичко ткиво“, со повеќе „видливост“, да речеме, од множеството тродимензионалност што нѐ опкружува!), или, уште порадикално, архитектурата ќе мора да се соочи и со тнр. мултидимензионален концепт за простор на Хокинг (кора од портокал, како пример!), кој станува парадигма за „просторна ориентација“ на крајот на веков. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 11
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Најниско е сината боја што ја содржи тајната на постоењето, но под синилото има еден празен простор кој е безбоен, невидлив.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
При секое излегување одев сѐ подалеку, чекорев без цел, како да минувам низ простор во кој не барам ништо, во кој ништо не ме очекува и ништо не очекувам, простор кој едноставно треба да се помине.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
При едно од тие чекорења го сретнав доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Навистина постои нешто соновидно во читањето на хиперлитературата, бидејќи тоа е чуден простор, тоа хиперместо, многу послично на внатрешниот отколку на надворешниот простор, простор кој не им припаѓа на координатите, туку на фантазијата без обем.“ (Robert Coover) оберт Кувер, познатиот американски писател, во својот текст „Крај на книгите“ (“The End of Books” - The New York Times, June 21, 1992), кој би можел да се нарече програмски на еден специфичен начин, и во прилично обемната статија со наслов “Хиперлитература: романи од компјутер“ (“Hyperfiction: Novels for the Computer” - The New York Times, August 29, 1993.), зборува за една појава настаната во Америка во рамките на постмодерната, па потоа проширена и во Европа и Јапонија, и чиешто, можеби, наједекватно име би било: компјутерска литература.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во нејзината критика на философијата и нејзината прелиминарна концептуализација на женската философија, Холанд прави обид за критика и промена на она што се смета за философија, врз основа на делото на феминистичките okno.mk | Margina #1 [1994] 39 теоретичари и философи кои што делуваат во современата континентална традиција, философи чие дело обезбедува некаков концептуален простор кој ја дозволува можноста на женското искуство.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Чувство на евтиност, како изрецкана конзерва од грашок чија испразнетост тркала сирови зрна во туѓите стомаци, не оставаше премногу простор кој може да се иполни со вкусна, топла чорба.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Југославија, немоќна да се прилагоди на новите геостратегиски промени во светот, на скорешниот пад на еднопартискиот систем, низ генерацијата на последните Титови наследници, групирани во колективното Претседателство, живееше со последната моќ на Титовата инерција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Југословенскиот простор кој Тито успеа да го обедини и одржи во авторитетна државна заедница во текот на половина век, што никогаш не му успеало на друг владетел на овие простори, започнуваше да напукнува...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Границите на Евразија се поместуваат напред- назад помеѓу базенот на реката Конго и северниот брег на Медитеранот; островите на Индискиот Океан и во Пацификот постојано се заземаат и презаземаат од Океанија, или од Истазија; во Монголија, линијата на разграничувањето помеѓу Евразија и Истазија никогаш не е стабилна; околу Полот сите три сили полагаат право на огромни простори кои се главно ненаселени и неиспитани; но рамнотежата на силите секогаш останува приближно иста, а територијата што го претставува копнениот центар на секоја од супер-државите никогаш не е загрозена.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Генералот никогаш не дал наредба и никогаш не рекол напред, славата негова ги допираше небесата, го затемнуваше просторот кои другите сакаа да го освојат.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Можеби ништо на изложбата не може да го опише толку степенот на трансформацијата колку просторот кој Rosenthal го преуреди во стилот на стариот Museum of Non-Objective Painting (Музеј за нефигуративно сликарство).
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Задниот дел од поткровјето постепено стануваше Билиева област. (Били беше еден од првите Фектори- момци).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Така, Симан, којшто е добар познавач на делото на Бојс, направил изложба низ која доминира продукцијата на цртежи и инсталации од скулптурален карактер, како што беше случај со оној негов комплет канцелариски мебел и бакарни прачки, “Ground”, претставен во 1981 година на изложбата “Арт, Германија денес”, или пак, напластувањето со филцани покривки наречено “Fonds VII”, кое влегува во колекцијата на националниот Музеј за модерна уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ми беше мило што Кенеди беше претседател; беше симпатичен, млад, паметен - но не ми значеше многу што е мртов.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ретроспективата што тој ја замислил предлага пријатна „прошетка“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Она што навистина ми пречеше се телевизијата и радиото кои ги програмираа луѓето да бидат тажни. (...) Неколку месеци подоцна дознав дека зградата на компанијата за куки и јажиња ќе биде раселена, па затоа во ноември најдов друго поткровје каде Џерард и јас ја пренесовме целата опрема - платното, боите, четките, ситата, работните плочи, радиото, крпите, сѐ - во новиот простор кој наскоро ќе стане Фектори. (...) Фектори беше голема околу 20х30 метри и имаше прозорци свртени кон југ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се надоврзуваат простори со различни димензии, во некои се среќава осамена творба (како Olivestones), како и широки простори кои слободно „дишат“, инсталации кои меѓусебно се допираат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Го барав и чистилиштето сакав душата да ја исчистам и да ја издигнам до некој рај, некоја среќна земја, некоја утопија каде што владее хармонија, единство на човекот со човек, единство на човекот со просторот кој го опкружува и љубовта која го исполнува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Аглите на просторот кој го изгради само за себе нека добијат нова димензија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Исчистени од гревовите и ниските страсти треба да го бараме со сетилата за перцепција она место од телото каде што се сконцентрирани сите моќи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Јавните простори се простори на интеракција и средба (на улица, на плоштад, во парк) како и места на размена и комуникација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Во оваа посткомунистичка верзија на екстазата на комуникација, јавниот простор сѐ повеќе исчезнува пред налетот на семоќното рекламирање.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како места за јавна употреба и простори кои се споделени од сите граѓани, јавните простори се основен извор на локалниот идентитет.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Примерите вклучуваат пролиферација на надворешното рекламирање кое го уништува изгледот на природните и историските урбани пејсажи, комерцијални настани кои го ограничуваат пристапот до парковите и плоштадите, дизајнот на малопродажните киосци и излози во и околу јавните простори кои не го почитуваат локалниот контекст (со тоа праќајќи сигнал дека тој веќе не ја претставува локалната заедница).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како такви, тие играат бројни функции: разликување, регулација, поврзување; тие се социјални простори кои произведуваат односи на моќ; служат како основа за економска нееднаквост и исклученост, како и размена; тие се и структури и симболи на државната безбедност и суверенитет; тие се ентитети кои создаваат и пренесуваат значење, итн.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тие ја овозможуваат опозицијата меѓу ние и тие, го создаваат нашиот свет, нашиот суверен простор и нашиот идентитет.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Да, ПаризИстанбул, како пејзаж забележан низ замаглените прозорци од возот кој патува дење и ноќе, додека патникот, макар што не добива точна информација за пределите низ кои минува, чувствува дека во него се отвора еден внатрешен простор кој е с поширок и поширок.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тоа ѝ противречи на можноста овие монструми да раѓаат други како нив до бескрај, да се предизвикуваат меѓусебно во просторот кој станал драматизиран од таквото нивно натпреварување.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ја набљудував нежната линија која се превиткуваше и стануваше дел од просторот кој се губеше во бесконечноста.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Бидејќи буџетот не можеше да овозможи приватни тоалети и слични објекти, нив ги сместивме во простори кои даваат нужна приватност во смисла на местото и времето.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Постои потреба за простор кој овозможува слобода на движење во склад со можноста личноста да одржи рамнотежа; и потреба за друг “простор” во кој човекот би можел да ги насочи мислите на она што го работи, без пречки.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)