просторија (имн.) - одеднаш (прил.)

Мајка ѝ на Чана набрзина и она си направи крст, а уште повеќе што забележа дека и една друга група од другиот крај на просторијата одеднаш се крена со сѐ пљачки врз себе и се протурка низ луѓето до излезот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во таа подземна просторија одеднаш пред мене се отвори огромна, темна и стара кујна, каде што очигледно се подготвуваа сите поголеми зафати, бидејќи беше преполна со големи тенџериња, со прашоци за миење садови и разновидни сунѓерчиња, а до мијалникот стоеше и еден голем старински фрижидер.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ја истрошив целата ролна тоалетна хартија, се сетив како мајка ми постојано ме плашеше дека ќе сум ја затнел шолјата, но тоа беше само едно блиц сеќавање кое се разви единствено кога се обидов да пуштам вода и да се збогувам со мојата неколкудневна тежина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)