Песната е затворено пространство во еден цвет на гранката од твојот сон.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Оваа функционална перспектива на водењето на испитувањето, позната како „конструктивен алтернатизам” (Kelly 1955), овозможува широко пространство во семантичкиот простор за когнитивните научници, општо, да конструираат компјутерски модел на менталните репрезентации без да се грижат за таканаречениот „проблем на односот ум - тело”; и исто така за AI заедницата да имплементира различни форми на машинска когниција без предрасуди во однос на нивниот потенцијално долг период на употреба.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
ПАРИЗ, сам за себе, претставува цела држава. самиот факт што на едно пространство во дијаметар од педесетина километри живее население дури поголемо отколку во соседна Бугарија, или пак во Грција, наведува на помислата што сѐ овде не се прави за да бидат навреме нахранети толку милиони луѓе, за да бидат редовно снабдувани со други потреби, за да се префрлаат луѓето на работа и по домовите за да има вода достатно за пиење и хигиена.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)