Во миговите додека ѝ честитаа за наградата, Рада само со крајот на окото успеа да го фати профилот на господинот што седеше до младата дама. Профилот и ништо друго.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ана беше непредвидлива, седеше токму на седиштето крај прозорецот, таа веќе се наоѓаше таму кога јас влегов на станицата Етјен Марсел па кога некој Црнец ослободи едно седиште напред за кое како никој да не беше заинтересиран, па кога јас успеав да се провлечам со некој неодреден изговор меѓу колената на двајца патници што седеа на седиштата покрај ходникот, останав покрај Ана и, речиси едновремено, бидејќи влегов во метрото токму уште еднаш да ја одиграм играта, го побарав профилот на Маргарита во одблесокот на прозорското стакло, и помислив дека е убава, дека ми се допаѓа нејзината црна коса со како птичје крило што накосо ѝ паѓаше преку челото.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Имаше сплескан профил на римски цар од стара бакрена пара и тврди раце, и мавташе како мелница погодувајќи со секој удар.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сличен е утопистичкиот, „хлебниковски“ профил на јунаците, „замаени типови“ како Нуне Волта (Ордени), кои сакаат да го применат светот со лоша поезија, а многу поуспешни се оние, стилски слични но животно уверливи, примери од „срзовската“ ставарност, во духот на Чинго, од расказот Народната власт.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
41. Неколку денови ти пишував пораки на твојот профил на Фејсбук.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
„Тоа е точно“, рече авторот задоволен од констатацијата што толку добро се вклопуваше во концептот за профилот на Едо селанецот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Задоволството во текстот“ (Р.Барт) на Александар Прокопиев овде не завршува, туку започнува.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
А од друга страна на „Талантот” на Маркоска, јасно се гледа чудесниот надреалистички профил на поетскиот двојник, во простор-времето на „гротесктната судбина”, посветена на Данил Хармс, каде фантастично кореспондира со својот поетски роднина и варирајќи го неговиот расказ за Лазар (првовоскреснатиот), буквално го допира исчашениот универзум на Хармс, со една сардонична леснотија на „баналното полупостоење”, поентирајќи:
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Боб Пелетро, како што го именуваа неговите пријатели, висок, слабникав, со убав профил на тенисер, беше комплетен арабофил, префинет и вешт дипломат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)