Гледајќи го својот лик во нив се чувствувам живо и знам дека во нив се раѓа цел еден свет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Го сакам мирисот на твоето постоење, сакам кога разиграно ќе поминам со прстите низ твојата коса, ги сакам твоите прегратки, го сакам погледот од твоите топли, широко отворени очи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Помина со прстите низ устата, ги оближи и ситните парчиња што му останаа во тепсијата при сечењето на месото, си ги стави во чинијата, и пред да почне да јаде, им рече на полковниците: - Повелете...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се вртеше во постелата возбуден, нервозен; се поткреваше одвреме-навреме и пушташе рака кон столот, ја пофаќаше празната кутија од цигари, ја отвораше, чинејќи му се дека не ја избарал добро, дека ќе најде некоја преостаната; пипкаше со прстите низ нејзината внатрешност како слепец, како болен човек што посега по некој спасоносен лек; ја гмечеше кутијата со сиот бес туткајќи ја во рацете.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тој зачекори накај мрежата и го протна прстот низ ромбоидно исплетената мрежа и го пипна месото на едно од обезглавените пилиња. Беше вкочането.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Кога ги провлекував прстите низ твојата коса, само по мекоста поинаква од зрелата 'рж, не знаев дека еднаш, дење или ноќе, сеедно кога и каде, ќе го сторам тоа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Провлекува со прстите низ мозокот и ме погледнува делумно од главата до петиците.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
- Ме чека друштвото. Одиме вечер на забава, - и мина со прсти низ косата, која убаво му паѓаше врз челото, а од страните му беше залепена од желето што го употребил.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
А таа веројатно сакаше да потврди дека се согласува со мене бидејќи ми помина со прстите низ косата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Кога ги провлекував прстите низ твојата коса, само по мекота поинаква од зрела `рж, не знаев дека еднаш, дење или ноќе, сеедно кога и каде, ќе го сторам тоа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
НЕДА: Што би правела јас на светов - без тебе? (Ги провира своите прсти низ неговата коса.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)