И кога сите луѓе би се плашеле, кога би се двоумеле, денес не би имале олкави градови кои, се разбира почнале да се градат од првата тула, почнале да растат од првата куќа; не би имале толку долги патишта, пруги кои почнале со првиот метар за да се издолжат потоа во километри и кидометри.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Во еден експонат прикажана е на една поголема географска карта пругата која води од Тирана до Поградец, изграден од илјадници работници, војници, млади и стари.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И биле запознати дека биле пресечени “двете железнички пруги кои водат јужно од Скопје“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Земјата остана изолирана по железнички пат, дури по многу, многу години од северниот дел ќе се изгради пруга која ќе се поврзе со Југославија преку Црна Гора.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)