Пред да стапи во партијата, брат ми требаше да замине на една сојузна младинска доброволна работна акција за изградбата на една разорена пруга во една од средишните републики во земјата, потем во изградбата на автопатот Братство-единство, којшто треба да ја поврзе земјата со Европа и Азија, па во изградбата на едно вештачко езеро во својата република, со сушење на мочуришта.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Хипнотизиран, ја гледаше светлата пруга во зеницата на мачешкото око: Тебе те ставаме меѓу тројцата судии.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во туѓата земја тој сопрво работел како физички работник во ложилницата на градот Сент Луис, а потоа на изградбата на железничката пруга во снежните степи на Монтана.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Мајка му, питома жена, ме чуваше како да сум ѝ син; од кај неа одевме во град или скитавме по блиската пруга во предградието и мечтаевме за жени, пари и патувања.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во надежните времиња, веднаш по војната до 1948 година кога цветаше и свена неочекувано комунистичкото братство помеѓу Албанија и Југославија, започна да се гради оваа пруга од албанската страна, од крајморскиот Драч, до Поградец и албанско – југословенската граница, со надеж дека од другата страна на границата, од Југославија ќе пристигне новата пруга во пресрет. Таа никогаш не стигна.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)