Прифаќањето на ваквите појдовни точки и заклучоци можеби не би било можно кога не би биле свесни дека Кејџ своите ставови секогаш ги изнесуваше со свест дека ги изнесува своите ставови и кога не би ја имале во предвид познатата забелешка на Костеланец дека “во Америка, за разлика од поголемиот број европски културни средини, не постои утврден пат за постигнување на интелектуален и уметнички успех, еден единствен културен естаблишмент кон кој младиот и амбициозен човек ќе може да се насочи, нема одредена публика која донесува конечен суд, институции кои издаваат конечна потврда за успехот, признание или награда која ужива општо почитување“. 174 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Предавањата во училиштето за Кејџ беа начин да се направи себеси достапен на сите коишто сакаа да работат со него. (На сличен начин, издавањето на своите книги тој го објаснува како доследно спроведување и проширување на тој принцип кој неговите искуства ќе ги направи достапни до поголем број почитувачи и следбеници).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Според нив, музиката е прекумерно поедноставување на ситуацијата во која се наоѓаме.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој ѝ ја раскажуваше комплетната историја на својот живот на една публика која веќе ја знаеше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сан Франциско сцената ја чинеа бендови и публика кои живеа заедно и ги делеа искуствата, додека, од друга страна, Велветите беа потполно оддалечени од луѓето - мислам, буквално свиреа со грб свртени кон публиката.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Од друга страна, клинците на есид навистина изгледаа среќно, уживајќи во малите работи како што се прегрнувањата и бакнежите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Можеби му беше здодеано да се покрива кој е вистинскиот, па сега целата вистина за себе ја треснуваше на маса, а притоа јас и другите требаше да бидеме публиката која на тоа негово непријатно битие ќе му ракоплеска по секоја цена.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Дело ограничено со една тромава естетика, производ на една уметност на најмало напрегнување, творба на една епоха на низок водостој и слаб проток, што би била состојбата во која се најдоа уметноста и естетиката во вторава половина на дваесетиот век; тоа дело го претставува одговорот на уметникот на оној став на публиката кој тежнее еден Лоеонардов портрет да биде преобразен во „ла Gioconda” - т.е., во нешто повеќе од едно дело, во некакво над- дело, во едно пренапрегнато дело, мит, амблем на секое уметничко дело - толку упорно присутна во своето самољубие, што и кога веќе не ја гледаме, нејзината насмевка, што наликува на насмевката на Carrol-овата мачка, не престанува да нѐ прогонува, дури ни тогаш кога сликата исчезнала.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Криете од публиката кој е тој човек.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Имате правоаголник што треба да го исполните, кој треба да се укомпонира.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Па преку публиката која ќе може да им каже на авторите и на актерите што мисли за нив и нивниот творечки агенс, да заличиме на Европа.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Просто речено, на публиката која ја сочинуваат децата, средношколската и студентската младина, и се оневозможува лектирските обврски, колку толку, да си ги исполнат гледајќи театарски претстави.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Како да играме за публиката која ѕемне, која масовно ги напушта салоните откако ќе заклучи дека не се затоплени?“
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Гилхрист и програмерот Jonathan Bradley создадоа база на податоци и синтетички нерви; со тоа внатрешното искуство на сон на спијачот се пренесува во просторот на публиката кој е исполнет со засилени звуци и пројоцирани слики, на начин публиката да може јасно да го почувствува успиениот ум-мозок.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Левата страна на фотелјата ѝ одговарала на левата страна на мозокот и обратно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во овој случај комуникацијата не ѝ се упатува на публиката која всушност е институционална единица, туку на толпата која ќе го заземе нејзиното место. Читлив и проповеднички интониран говор во ваков миг е невозможен и би можел само да предизвика шокови и сцени.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Вистина е, кога ќе се изнесат смело во вид на изреки, како што направив баш сега, нема таков што при здрав разум би ги одобрил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, бидејќи, главно, не ни се појавуваат како изреки, туку како перцепции за светот или како чувства однатре или како длабоко лични и оригинални пронигби, тие и понатаму кај многу луѓе обезбедуваат извесна приврзаност на интуитивно рамниште.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествените конструкции, со други зборови, не се неточни и погрешно е да се смета дека општествената анализа имплицира дека темелните интуиции за светот ни се заблудени и неосновани.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете зошто на коментатори на културата како Камил Палија и Харви Менсфилд, кои мешетарат со такви предрасуди или ги мобилизираат за да им дадат на своите ставови божемна убедлива разумност, секогаш им успева да си најдат восприемлива публика – публика која е и тоа како готова да си ги фрли во вода наводно „политички коректните“ уверувања (кои, како прво, очигледно не ги ни пригрнала многу ревносно и искрено) во корист на нешто што лесно, но делотворно, се протнува како чиста природна стварност и како очигледен здрав разум.
Ова само покажува колку од она што го сметаме за стварност е, всушност, општествено конституирано без да престане да ни изгледа стварно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа книга е наменета првенствено за студенти и постдипломци, за стручна публика која освен што очекува да ужива во општењето со расказот, се подготвува и да разговара за него, да го анализира и да го толкува.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)