Но, уште веднаш потоа мечката пак се сврте кон него, застана сега веќе без никакво двоумење, решена да достои на својот грабеж, како и таа да знаеше дека тој во пушката има само уште два фишека, просто подметнувајќи му го своето тело за тој да ги исфрли уште нив и потоа да ја пушти на мир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Зошто да не појдеме ако можеме нешто да сториме за дружинава, се развеселил Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби со пушката има други?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Пушка имам, не се плашам дури и сам да сум. - Пушката ќе ја оставиш, го пресекол Онисифор Проказник. - Ќе ве сретнат, ќе се посомневаат на вас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уште со појавувањето, ја грабнаа кајмакамот и бимбашијата и набрзина ја распрашаа колку пушки имаат, колку бомби и фишеци, но таа кажа само колкумина се, a за другото ги стегаше раменците.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По таа причина огнот во одајчето не можеше веднаш да се појави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)