пушка (имн.) - за (предл.)

Претепаните ги одвлечка аскерот во авурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега многу добро можам да го сфатам оној младич, што не можел да стори ништо друго, освен да си го врзе чкрапецот од својата пушка за палецот од ногата и да повлече, сигурно бил во многу борби, тој младич, а сигурно многу сонувал за животот, сигурно многу повеќе од мене, кога можел да постапи така, но сите тие борби, од кои што испливал жив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тоа време јузбашијата им ја пренесе на аскерот наредбата за ќотекот и овој ги грабна пушките за цевки и се втури во купчето народ, та почна немилосрдно да мава каде што ќе му се згодеше. Со плач и пискотници се разбегаа жени, деца, луѓе и на сретселото останаа само тепаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во раката држеше пушка за цевката.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
ГАВРИЛ: Мартинки и Снајдери. Добра пушка за една лира по селата на граница. Десет фишеци, шеесет пари.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)