Заблеснува, занчи, Храмот пред очите на рабинот во сета негова убавина, со двата големи столба поставени на неговиот влез и со дрвените декорации во внатрешноста изработени од кедрово дрво што тука е донесено од вишните либански гори.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Hannukiah ханукија, лампа со осум или со девет светилки (кандилца) што 183 се палат ден по ден на празникот Ханука Hashem хебрејски Името; така Евреите од почит го нарекуваат Бога како не би го изговарале Неговото име залудно Hoshana! „Спаси сега!”
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Со текот на времето, си мислеше рабинот во затворската ќелија, неговата личност се изгради со знање, стекна интелигенција и изразита рационалност, опит, па и мудрост, но не се зацврсти со силата на волјата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ете, остана и без спомени. Се обидуваше да се сети на некоја палавост во детството. И едвај успеваше.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Иако предците му се од Ашкенази од Германија, Елеазар бен Цви е рабин во сефардската синагога Ел кал де лос Монастирлис1 во Њујорк, којашто некаде на почетоците од минатиот, 20 век ја создале имигранти пристигнати на новиот континент од градот Монастир или Битола во балканскиот дел на отоманска Турција.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И потоа: „... Навистина, ова е првпат ашкенаски рабин да биде прифатен за рабин во Салоника, кој е град со дваесет рабини кои се сите сефардски ’Хахакхмим‘ 13.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Долината се простира надвор од северниот ѕид на стариот Ерусалим, од подножјето на ридот Цион, источно до долината Кидрон. Habajit домот на Бога Hakham рабин во сефардска општина Hamizbeah жртвеник на ерусалимскиот храм
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во 1492 година таму пристигнале голем број бегалци како резултат на нивниот прогон од Шпанија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)