работа (имн.) - како (прил.)

Ги извести сите свои колеги, а овие направија заедничка постапка пред валијата и му ставија до знаење дека сите го делегираат италијанскиот свој колега да отиде на самото место и ја извиди работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Биди ѓенеш, ќе се сврши, море, и оваа работа како што се свршиле толку пред неа!...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, те, и тој си и гласи работите како нему шо му чини, а не како нам. Не гледаш оти и он тргнал со батакчиите и ене го, не, токо врла надвор пласти снег без да гледа оти сиромасите мрзнеат — ја тешеше Толе Митра и ја галеше по русата коса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со секоја секунда бев подалеку од тебе но поблиску до вистината, не можеме да го сокриеме тоа што сме, ќе не пресретне еден ден каде и да е, по кој пат и да одиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Застанати во ходниците, потонати во молк, се обидував да ја проценам искреноста без помпезни гримаси и сарказам, скандалозен перформанс би изгледал како лудило а сентименталните работи како баналност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сигурно и вие си имате работа како мене, ама што да правиме. Ајде, повелете дома.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А Љаке си ја работеше работата како курдисан:без прекин, брзо и итро.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во позадина се наѕираше колешката со правливите штикли и џиш розевиот кармин, чиј интерес за целата работа како веќе да спласна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Зашто уште до вечерта дознав дека Баџата уште вчерадента го затвориле, а мене, зошто на висока функција, прво ме сомлеа низ критики и самокритики, ме исклучија од партијата, ме сменија од функцијата и поминав само со една година физичка работа како градител на одморалиштето во Отешево, во Преспа...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека траеше мерењето и се ставаа белезите на чаирот, папуџијата Јосиф стана старец од сто години, се згрбаве и ја истегна напред шијата како да граби воздух што му недостасува, ама да рече дека оваа работа му прави голем задоволство, или пак дека на овој несреќен ден можел да го доведе само ваков будала како зет му, е мисла само на недугави: татко ѝ на Тодора остана нем до крај, со откорнат јазик, и така ја пречека завршната работа како варен ошав.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
БАБА АНЧА: (оди по него). Не се лути, сакав да те запознаат со целата работа како стои. (Оди накај вратата од дворот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Она и самиот не знам зошто не пишувам како да ја разјаснува и претходната мисла, дека си го валкам образот од тоа што сум подлегнал на нешто па сум заборавил да ги регистрирам работите како што правев дотогаш.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А си ја сакаше својата работа како што си ја сакаше својата градина - осигурувањето на работниците, како и калемењето на дивините.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)