Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работната атмосфера во фирмата, барем во времето кога се работеше „турбо“, беше пристојна и релативно добра – иако и тогаш нормите, на кои работеа претежно работничките, беа вртоглаво високи [на пример, една работничка која работеше на боење на сервисите со златен пораб, во текот на осум работни 248 часа, требаше да изврти минимум 3.600 чинии и сама, без ничија помош, да ги пренесе до палета за сортирање!?].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако во рамки на претпријатието МК „Стоби“, барем на хартија, имаше основано и регистрирано синдикат, неговото неактивно раководство замижуваше пред ваквите неправди и беше сосем безгласен во заштита на правата на тамошните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поранешното име на оваа гигантска фабрика за порцелан беше „Борис Кидрич“ и во време на СФРЈ таа беше меѓу најпознатите и најголеми фабрики кои го покриваше речиси целиот југословенски пазар.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таа беше врабо- тена во ова друштво за производство на производи од порцелан и керамички плочки, со договор за работа на неопределено време, уште од 1980 година, односно 19 години пред да настане подолу- опишаниот работен спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сепак, во стварноста, ова не значи давање уште едно право на работничките, туку напротив – давање можност на работодавците 28 да вршат, суптилен или реален, притисок врз работничките кои се вработени кај него, тие да се вратат на работа и пред да истече нивното законски предвидено и загарантирано породилно отсуство;
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Согласно оваа одредба на овие работници мора да им биде регулирано: (1) траењето на работното време и периодите на одмор; (2) минималната плата, минималните побарувања на плата и стапка на прекувремена заработувачка; (3) здравјето и безбедност при работа; (4) условите за работа на жените, младите лица и работничките кои се грижат за дете помало од три години и (5) еднаквиот третман на мажите и жените и забраната за дискриминација.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)