Обично кога завршуваше играта, продолжуваше пријатен разговор помеѓу играчите до доцна во ноќта, си го дополнуваа тоа што не успеваа да си го кажат во текот на играта или тоа што го оставаа за крај.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овие зборови се “уште од истото”, во погрдната смисла на фразата.”
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Помагало”, во речникот, посочува пак на терапија, а листата на “помагало” (remedy) во тесаурусот се покажа интересна бидејќи 34-то објаснување на таа листа е “решение”: Јас можам да прифатам дефиниција како оваа: Те р а п и ј а , с е за н и ма в а с о п р о н а о ѓ а ње , “откривање”, и примена на решенија и/или резултати; заемен, кооперативен, соработнички разговор помеѓу два или повеќе експерти.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Уште понеспокоен беше П.П., на кого по овој тек на разговорот помеѓу мене и А.А., му стануваше тешко да се надоврзе.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Едно будно око внимателно го следеше разговорот помеѓу двете фигури од петкатницата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но, ако секој разговор помеѓу луѓето води кон меѓусебно разбирање: Ќе се престане ли со голтање на апчиња? Не. Ќе се голтаат, ама од хоби.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Пред многу години, присуствував на разговорот помеѓу двајца наши еминентни писатели.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сега, во кафеана до врвполна со нејасно и згуснато жожорење, се сеќавам на неговата прикаска и го слушам или го измислувам морничавиот разговор помеѓу двајцата ранети: во нив се наталожува мраз , кора врз кора, и сепак се живи, ги држи омраза, еден мора да умре пред ругиот, тоа е нивна правда и нивен закон.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Имаш право. Сонувала. Бидејќи и останало само да сонува!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Замисли си“ му реков на Ѓурчина „онаа луда Огнена Гулева сонувала да преспие со тебе само за да и се роди и нејзе синче од познат главатар; зарем не те радува тоа?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Мислам дека спонтано дојдов до тој заклучок.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На Ѓурчина, најнапред, му го претставив однесувањето на Огнена, се разбира со мои зборови; спомнатиот разговор помеѓу неа и мајка ми беше отпечатен во мојата глава, посебно делот во кој во детали се објаснуваше нивната љубовна врска; не ја заобиколив и гласната смеа на Огнена Гулева особено во моментите додека ја изложуваше својата зависливост!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А притоа изгледа заборавила дека синовите се создаваат во помлади години, а јас баеги одамна го загубив тој рок.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И поодредено објасни ги причините што те натераа да поверуваш дека токму Даскалов можел да ти биде татко?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Како течеше тој разговор помеѓу вас? Ќе го опишеш? - Беше многу обичен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
-А како се случи тоа да отпочне тој разговор помеѓу тебе и татко ти.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ги зел чеканите и отишол во една од многуте пештери на ридот да обработува воденички камења, поточно - пошол последен, неговите веќе ги клукале карпите со железни клунови и пиеле со стврднатите дробови прав на осакатени карпи што многу подоцна, под притисок на вода, ќе станат бучлив живот во воденица, но некој будник од дружината го прераскажал разговорот помеѓу Доце Срменков и Фиданка Кукникова - патот кон пештерите проаѓал крај нејзината куќа со еден прозорец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Што, на? Фиданка Кукникова има дваесет и седум години и ќе ги надживее и помладите во селото, Е, на! Но тебе, престаренику, на! Разбираш?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Околу нив постојано протрчуваше сниското слабо човече Крсто, еден од деградираните командири на партизанската војска, и го раскажуваше по којзнае кој пат оној случај кога тој божем имал храброст да го изведе својот вод пред бригадата и да изјави со полн глас дека одбива да замине со борците на Сремски фронт.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се чинеше сосема отсутен и за разговорот помеѓу тројцата првоборци: Мајката, Чауле и Овчарот кои се послужуваа стоејќи,покрај џамлакот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Почитувани, Ви го претставувам комшискиот разговор помеѓу старчето и жената точно онака како што се случи: КОМШИЈАТА (срдечно, зјапајќи во тортата): Оооо, комшике, машала, машала!
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
A Year from Monday, 50-51. konverzacija bez feldman Разговор помеѓу Џон Кејџ и Гофри Бернард “Наша вистинска работа сега, ако го сакаме човештвото и светот во кој живееме, е РЕВОЛУЦИЈАТА” ( Џон Кејџ) Г. Бернард: Во предговорот за “A year from a monday” (Година од понеделник) - тоа е некаде околу 1965 - вие велите дека се помалку се интересирате за музиката, а сѐ повеќе за општествените проблеми и анархијата.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Не сакајќи го слушаше разговорот помеѓу Ивана и Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Знаеш, се губи волјата за разговор кога се води разговорот помеѓу глуви.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сега, по многу, многу години, кога си ги кажуваа сите тајни од заедничкото минато, од интерес за иднината на децата, на нивните семејства, на Мајка ѝ остана засекогаш тајна разговорот помеѓу Татко и неговата мајка, на самата ноќ на заминувањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)