По заземањето на овој став Британците на Македонија гледале единствено како јаболко на раздорот во јужнословенската заедница и како закан за интересите на британскиот штитеник Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Нејзиниот (само)деструктивен акт на спротивставување на државната волја на Креонт, акт во кој таа ја пречекорува границата на симболичката заедница на која што ѝ припаѓа, е она што отвора расцеп и внесува раздор во природниот тек на случувањето.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во тие неизвесни времиња, кога сѐ можеше да се измени, да се измеша, како ова мигум наоблачено време на планината, кога лесно можеше да се фрли и да зарти семето на раздорот во заедничката душа на луѓето, да дојде директива од „другото небо”, па сѐ да измени, да зацрни, белата зрачна ведрина на Чанга им остануваше како последна надеж на луѓето...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Да, вие сте овде навистина како на еден долг одмор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа е прекрасно, навистина прекрасно: вашите браќа плаќаат за вашиот престој, вие уживате во слободата во овој затвор, како што ја нарекувате нашава болница, наспроти неслободата и присилата кои сте ги чувствувале надвор одовде, неслобода и присила далеку помали од оние кои ги чувствуваат вистинските болни, секако, вашата неслобода и присила се сведувала на семеен конфликт, а не на длабок раздор во себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Затоа токму актот на деструктивна критика кој се потпира на “неизмерната моќ на негативното како енергија на мислењето” (Хегел) и кој внесува раздор во природниот тек, односно ја крши онаа “друга”, “стекната” природа - во идеолошки конструкции скаменетите форми на општествен живот - е она што интелектуалецот го прави интелектуалец.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)