разлика (имн.) - кој (зам.)

Исходот е традиционалното преовладување на доброто над злото, на волното над неволното, на машкото над женското, на говорот над пишувањето, на присуството над отсуството, на проблемот над решението.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите парови од спротивности се поврзани на овој начин и разликите помеѓу членовите од парот, како што се “предвидливо/непредвидливо”или “волно/неволно” се точно истиот вид на разлики кои терапевтите и клиентите може да ги употребат за да направат разлика. ***
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што вели де Лауретис, феминистичката теорија ја отелотворува сопствената специфична разлика која е истовремен „двоен влог“ на критичката негативност (деконструкцијата на фало-логоцентричното познание) и „афирмативната позитивност на нејзината политика“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Оваа идеја, развиена од Едриен Рих во теоријата на признавање на повеќекратните разлики кои што постојат меѓу жените, ја нагласува важноста на отфрлањето на глобални искази за сите жени и, наместо тоа, обид да се биде колку што е можно посвесен за позицијата од која што некој зборува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Веќе спомнав дека големата , елементарна разлика која постои меѓу поезијата и прозата буди разбирливо сомнение.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа девојка сега има дваесет години, а јас веќе триесет и пет; тоа е сосема пристојна разлика за здрав маж како Земанек, господине судија, разлика која привлекува, и јас не му се лутам; моите гради (простете за ваква индискреција, господин судија) веќе не се она што беа; не се веќе ни моите колкови, ни кожата; Земанек, едноставно, замина затоа што мораше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Фонетскиот систем на писмо ги фиксира одделните фонетски единици на јазикот без оглед на нивниот статус во системот на конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Историски создадените алфабети влегуваат во кругот токму на овој тип на писмо, иако во нив честопати се набљудува имплицитна реализација на фонолошкиот принцип и фиксирање во писмото на оние фонетски разлики кои имаат функционално значење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сите „телесни контакти со други машки“ што завршуваат со оргазам „по строга дефиниција се... хомосексуални“, настојувал Кинси, без разлика кој кому што му прави и без разлика колку силни или кревкички можеби изгледаат мажите што се впуштиле во секс едни со други.53
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поентата, едноставно, е тоа што, за да ја разбереме машката геј-култура, нужно се занимаваме не со видовите на луѓе, туку со видовите на дискурс и со видовите на интеракција, без разлика кој ќе се најде да биде нивен субјект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Семејниот идентитет беше отворената врата кон спиралата на другите семејства, кон другите енигми, кои ја осмислуваа потрагата по разликите кои ги наложуваше историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Целта на истражувањето е да покаже дека континуирано, без разлика која политичка партија е на власт, биле донесувани промени во законската регулатива на штета на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тука се спушта пердето реската разлика која ги двои луѓето и од нив прави некој друг секогаш друг мизансцен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од друга страна, имајте на ум дека тоа не е безопасно, бидејќи претворањето на читателот во јунак на една книга му дава на писателот можност да го повреди, па дури и да го усмрти само во два реда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ АВАНОС
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Драга моја читателке и драг мој читателу, без разлика кој си, ќе се сетиш дека моите зборови на крајот на оваа приказна всушност се љубовна изјава кон тебе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Првата од нив ќе биде вашето тајно, значи и лажно име, драги читатели, без разлика која ти била или кој ти бил и без разлика како инаку си се викала или си се викал.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)