До 1960-тите години веќе бил во тек, иако неговото спроведување го одложи деценијата на политички конфликт во 1970-тите години.
Епидемијата на сида ја помогна конечната победа на урбанистичкиот развој кога ги отстрани или им го намали бројот на политичките играчи – биле тие поединци или заедници – кои беа против плановите на инвеститорите зонски да изменат, да реконфигурираат, да урнат и да преизградат цели маала.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа разорување остави длабоки последици врз геј-заедниците, особено врз радикалните сексуални поткултури.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во Сан Франциско, процесот на планирање започнал во 1950-тите години.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сидата десеткуваше две-три генерации геј-мажи. До крајот на 2005 г., во САД од сида умреле над 550 000 луѓе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На крајот, несреќното совпаѓање на епидемијата на ХИВ/сидата со напливот од урбанистички и земјиштен развој, џентрификацијата и следователното поскапување на недвижностите во 1980-тите години ги разорија геј-гетата што кон крајот на 1960-тите и 1970-тите и почетокот на 1980-тите години беа центри на геј-живеењето и на геј-културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)