И иако ја насетувал можноста за една либерална граѓанска критика на општеството и културата која би била ослободена од превратничките и активистички идеолошки мотиви (примери на вакво Маргина 35 31 идеолошки необврзно граѓанско бунтовништво Кравар наоѓа во Крлежините литературни ликови како што се Леон Глембај и “докторот” од романот На работ од умот) Крлежа никогаш не увидел колку неговото лево идеолошко оптирање е “лишено од внатрешни причини” и во судбоносните моменти за хрватскиот народ пропуштил со својот пример “да ги засили силите на општествениот центар” и да придонесе за “легитимирањето на нашата модерна, либерално настроена граѓанска класа”, како што на крајот, не без јасна црта на болно разочарување заклучува Кравар.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)