Во рацете имаше некаква мајсторија и со колата управуваше безбедно, иако честопати, минувајќи опасни делници, ни се земаше здивот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во рака имаше една изветвена црна дамска чанта, полна само со документи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Секој од нив во раце имаше по една метална прачка, а пак многумина носеа шишиња.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ја спушта дланката. На раката има свежо истетовиран број.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во рацете имаш тони мраз што се топи на тој начин што предизвикува појавување на најневеројатни форми, речиси како фигури изрежани во шимшир, тисовина, живи огради што ги делат објектите и субјектите, емиторите и приемниците, со така наострени шилци што.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
- Како наше дете си ја гледаме, сѐ научи кај нас. Сама готви, сучи, златни раце има, во сè ме заменува.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Џебно ноже, со отворач за конзерви и сврдел за тапи, не најде зашто немаа; но затоа пак си ја зеде камата, чија ножница се вденуваше во ременот на панталоните, а освен што секогаш ти беше при рака имаше доволно остар врв за да дупне секоја конзерва и да отвори секој чеп.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„При рака имал многу добар и чист песок“, објасни Милан, „Но Даниел верувал дека песокот од реката, употребен во мостот, веднаш ќе се врати во реката. Во тоа верувал.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
ФЕЗЛИЕВ: Има. За жал - има. Живата цел има очи, има душа, има глас, живата цел се приближува, а понекогаш во раката има и револвер...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
На нејзините бели раце има по еден масивен брилијант, на градите дијамантски брош.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
* Во ложата седи убава госпоѓа; тешко е да се определат нејзините години, но таа е млада и уште долго ќе остане млада... Таа е раскошно облечена.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Или дека кремата „Бекутан“ лечи жуљеви, маасил, кожни венерични... и е малку скапа, од што дури од Турција ја носиш (а внатре во тегличето, „Кристал“ маргарин) ама само да го допреш на задникот со мрсни раце има како кутре да те следи и кај сакаш и кај што е непожелен.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мајстор божји, света рака имаше. Ја шета куќата со кадилница и шепоти.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Лежиме на грб и го гледаме небото како тече над нас и во нас и сино и големо и остро до болка, премногу светло, преубаво, зошто не сака да работи ЦД, го удирам и викам “ајде да го убиеме гитаристот што премногу личи на Nuno-Noonoh од Extreme”, со неговата коса долга и блескава и неговата рака што се движи брзо и пребрзо и го цвркоти Morris- sey така прекрасен и љубовен и одиме повторно да ги храниме патките, развигорчето ја ежи кожата и премногу е ладно и зошто седам насреде, ги хранам патките и се чувствувам како молзачка. Молзачка? Патка? Езеро? Небо? Што?
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Наеднаш забележуваш дека се тресеш и очекуваш секој момент главата да се стркала од рамениците и сфаќаш дека од време на време си пресечен со остри налети на спид и се обидуваш да пиеш и мислиш дека ти се лоши и толку си жеден и толку ти студи и толку си параноичен што мислиш дека авионите те снимаат, постојано чкрипиш со забите и главата не престанува да се тресе и тешко успеваш да запалиш цигара, рацете имаат своја свест и забите не престануваат да цвокотат и не можеш да зборуваш и не можеш да се мрднеш, не можеш ни да дишеш но барем можеш да пишуваш и зарем не е време да се земе уште една.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Проклет да бидам, какви силни, здрави раце имаше стриче Силе Николоски.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ако се сеќавам добро, овие раце имаа и лице.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Волнаровски на рацете имаше лисици.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Само две раце имам и едно исушено тело чекање: Илјаден да сум - мал да не сум за една капка тебе Македонија.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Прости, само две раце имам два далечни брега и нашата неразделност - меѓу.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
„Бак, бак, бак", — си вели сам во умот, — селанка жена, ама што бела и мека рака има!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Децата го видоа и тоа дека на рацете има неколку прстени сѐ од сребро и злато, а еден меѓу нив беше најголем, со камен што светка како искри да фрла.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Носеше црвени тренерки и црвени патики. На левата рака имаше огромен спортски рачен часовник. Му се насмевна со големите бели заби.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
СИМОН: Шест месеци пол година
пет прсти рака има
четири боски крава има
три нозе пирустија
две очи глава има
еден ми е билбилот што рано рани мај месец.
(Пауза.) Мајчице моја. (Пауза. Влегува Мими со Стево.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
СИМОН: (Пее) Шест месеци пол година,
пет прсти рака има
четири боски крава има
три нозе пирустија
две очи глава има
еден ми е билбилот што рано рани мај месец.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Каква рака има - мечка би соборил со неа, а не пак човек!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Дедо, заборавивме да провериме дали возот го вози чичко Јастреб, прјателот на тато, којшто на рацете има исцртано разни натписи и фигури со мастило што не се брише до крајот на животот, - се туфкав.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Во едната рака имаше јаболко, а со ножето во другата сечеше фелчиња и ги принесуваше в уста.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Во едната рака има конец, нешто како најлонски конец што треба да вдене во нешто што не е ни игла ни машинче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)