Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)