рака (имн.) - ја (зам.)

Седна како што седнуваше секогаш на работ, со прибрани колена и со рацете пуштени во скутот, а потоа, кога почнуваше да зборува, лицето му стануваше повозбудено, малку запалено, и десната рака ја ставаше горе на масата. Јас бев воздржан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја крева нејзината дланка до усните и ја бакнува, а таа го гледа, стаписана, со црните очи од кои не престануваа да извираат солзи, додека брадата ѝ трепери од возбуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со изненадениот поглед немо ја прашува што ѝ е, а таа со едната рака ја брише солзата што ѝ се лизга по мазниот образ и насмевната одмавнува со главата давајќи му на знаење дека е добро.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тргнав низ училницата, но сѐ уште не бев сигурен дали сум закрпен убаво. Раката ја држев превиткана одзади. ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот, правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а лејќум — а лејќум сељам" се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неговата растреперена рака ја стегна Велевата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Полека сосем ѝ се доближи, ја фати со десната рака под вратот, не испуштајќи го ременот, со другата рака ја потфати одзади и ја извлече од снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Додека таа зборуваше, позицијата на нејзината рака се смени; наместо таа да му ја држи раката, сега неговата рака ја држеше нејзината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нејзините силни раце ја претвориле некогашната нива за компири во ова волшебно заградено земјиште, со цветни и зеленчукови градини, со дрвја преполни со цреши, круши, јаболка, кајсии и праски, лозници, кои не само што правеа сенка во лето, туку и ја полнеа трпезата со деликатесното овошје и бочвите во визбата ги полнеа со својот ферментиран сок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше целиот во бела прав, но среќен, оти в рака ја држеше плочката од кал со отисокот од последниот збор наназад, а првиот однапред во текстот мерено!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Саздо го брише ветробранот со ракавот од десната рака; неговата слободна лева рака ја бара палката на која пишува „стоп“ и полека ја повлекува.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Понекогаш ме земаше в скут, и додека седевме крај прозорецот зад кој врнеше снег, таа ми раскажуваше бајки во кои доброто секогаш го победуваше злото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш ме земаше в раце и излегувавме од дома и минувавме покрај дрворедите; со едната рака ме придржуваше, притискајќи ме на своите гради, а другата рака ја испружаше високо, откинувајќи цветови од најниските гранки на липите, костените и багремите, а потоа ги ставеше цветовите меѓу нејзиното и моето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Кој Онисифор, мајче, ако не ти е тешко да покажеш со пресветиот прст? - Овој, Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со божји благослов. Неговите дедовци донеле прекуморска проказа во Кукулино и со својата рака ја сотреле болната челад. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Та, кога скокнала Антица, тој се нашол како нарачан и ја дочекал на раце, та ја спасил. И така на раце ја донесол горе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во рацете ја држеше само уште својата долга француска пушка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Свитканите како копачка раце ја пренесуваат во мали платнени торбичиња.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога десната рака ја довлекува земјата, тој се свртува на левото рамо, потоа - на десното.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мустафа ефенди е оварда кога се работи за наши пари, вели Максим и ја преместува тутуката од десната во левата рака; првин полека, претпазливо, ги симнува панделките од неа, потоа се навалува нанапред и со лицето на дланката на десната рака ја чисти, небаре ја мазни, тревата пред себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со едната рака ја држи камилавката, а со другата само ја поткрева мантијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но гневот сѐ уште остана во неа, па со удари им се противстави на болничарките кои безуспешно се обидуваа да ја совладаат, сѐ додека не ја виде Херкулина како со прекстени раце ја мерка оддалеку.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија однапред ја определи својата цена – да му се пренесе порака на мажот ѝ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој со едната рака ја држеше цврсто за половината чувствувајќи ги нејзините растреперени мускули, а со другата рака ја стискаше нејзината рака и ја чувствуваше нејзината врелина и спонтаност привлекувајќи ја кон себе колку што е дозволено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Извесно време дланката од десната рака ја имаше положено на книгата, потоа ја отвори и почна да чита: “А сега да ти напишам неколку збора за нешто сосем друго: утврдив дека за време на подолг престој во затворот на чувствителните луѓе им се заканува опасност да станат огорчени непријатели, да почнат да го мразат сиот свет, отапуваат, ги обзема резигнација и стануваат премногу себични.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ако јамката ја стесниме уште малку, ќе дојдеме до композицијата Раце што се цртаат, во која едната рака ја црта другата, и притоа двете формираат двостепена Чудна Јамка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
КОСТАДИН: (Со левата рака ја прегрнува Симка, со десната го вади пиштолот).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Дури, ми се причини, дека тоа демонче и раката ја подаде како кога проверуваме случајно да не врне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Немој“, велам. „Молам, капетане?“ „Не е важно“, велам, „морам да се ослободам.“ Со раката ја затворам устата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На црвената маса, со раширеното празно тело на капетанот пред себе, новите раце ја започнаа битката на движења.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со раце ја исфрлува земјата од дното на ровот и во тој миг во ќошот забележа врапче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со левата рака ја држеше вратата за кваката одвнатре, а со десната беше потпрена на другата пола од вратата и чекаше со рамнодушен израз на лицето да биде што ќе биде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со обете раце ја стега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најпосле со својата сува, груба рака ја погали Билјана по косичката и ѝ рече: - Кога би имал внучка како тебе, многу убаво би ми било...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)