Стоејќи на една нога и обидувајќи се да постигне совршен баланс, како што тоа го прават чапјите и фламингото, со раце испружени на правците Исток - Запад, се надеваше дека конечно ќе биде допрен од раката Божја, токму на ова место, зашто ако не овде, сигурно немаше никаде.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Раката божја го закрили Рајчани... тивко нечујно без никој да разбере за намерата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)